25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАОткриен е нов вид на коронавирус, сосема поинаков од другите

Откриен е нов вид на коронавирус, сосема поинаков од другите

Нов вид на коронавирус со изразени промени во протеинот од шилци е откриен во северозападниот француски регион Бретања, јавуваат локалните медиуми.

Новиот сој наводно бил откриен кај луѓе кои се заразиле со вирусот во средината на октомври.

Во Франција се заразени вкупно 24 лица, од кои осумнаесет деца одат во исто училиште и шест возрасни кои имале контакт со нив, јавуваат француските медиуми.

Сепак, новиот вид е различен од сите досега познати варијанти на коронавирусот, па на научниците им требаше долго време да го идентификуваат.

На варијантата наречена B.1.640 наводно и недостасува дел од протеинот со шилци.

Овој протеин обично го користи вирусот за да влезе во човечките клетки и да ја шири инфекцијата низ телото. Не е јасно дали оваа мутација го прави вирусот повеќе или помалку заразен, пренесува RT.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) додаде нов вид на својата листа на „контролирани варијанти“ на 11-ти ноември.

Властите во Бретања соопштија дека успешно ги следеле сите заразени со оваа варијанта, додавајќи дека последниот пријавен случај бил откриен на 26 октомври.

Француската регионална здравствена агенција за „Le Telegram“ изјави дека нејзиното истражување покажува дека „вирусот е увезен од странство“.

Според некои медиуми, жител на Нант кој патувал низ Африка донел нов вид во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП