25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин рече што ќе се случи ако Лукашенко ја затвори славината за...

Путин рече што ќе се случи ако Лукашенко ја затвори славината за гас за ЕУ

Рускиот претседател Путин изјави дека првпат слушнал за изјавата на претседателот на Белорусија, Лукашенко, кој рече дека може да го блокира снабдувањето со гас во Европа.

Путин истакна дека тоа ќе предизвика голема штета на енергетиката на Европската унија.

„Искрено, ова е прв пат да слушнам за тоа. Разговарав со Александар Лукашенко двапати во последно време и тој ниту еднаш не ми спомна, ниту ми навести. Но, веројатно може (може да го направи тоа), иако нема ништо добро во тоа.“ Се разбира, ќе разговарам со него на таа тема“, рече Путин.

Според него, тоа би било прекршување на договорот за транзит.

„Теоретски, Лукашенко како претседател на транзитна земја веројатно би можел да нареди блокирање на нашите испораки за Европа, иако тоа би било прекршување на нашиот транзитен договор и се надевам дека тоа нема да се случи. Но, од друга страна, тие постојано воведуваат и му се закануваат со воведување на нови санкции“, оцени рускиот лидер во интервју за телевизијата „Русија 24“, пренесува Спутник.

Според него, блокирањето на испораките на гас за Европа би предизвикало голема штета на енергетскиот сектор на континентот.

„Тоа нема да придонесе за развојот на нашите односи со Белорусија“, рече Путин.

Во исто време, тој спомена дека тоа веќе се случувало, кога Украина го блокираше рускиот гас за потрошувачите од ЕУ.

„Тоа веќе се случи, но со Украина во 2008 година, колку што се сеќавам. Се соочивме со криза кога, поради бескрајните спорови околу цената на гасот и цената на транзитот, не успеавме да постигнеме договор со нашите украински пријатели за главните параметри на тие договори. „Украина го блокираше нашиот гас кој е наменет за потрошувачите во Европа. Тие едноставно го исклучија вентилот, го блокираа протокот на рускиот гас во Европа. И тоа се случи“, потсети Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП