КОМПАНИИ

Во САД комбинираа Nutella со марихуана

nugttela

Во САД комбинираa два производи кои се познати по високите својства на зависност. Најновиот производ беше регистриран како трговска марка „Nugtella“ и бил забележан од страна на корисниците на „Reddit“.

Производот го комбинира името „nug“ (жаргонски назив на висококвалитетна марихуана) и името на брендот кој е создаден пред половина век. Американскиот производ, се разбира, нема никаква врска со „Ferrero“, производителот на „Nutella“.

Новиот продукт се произведува од медицинска марихуана и се продава само со соодветна дозвола. Во Калифорнија употребата на марихуана за медицински потреби е дозволена.

Зошто производителот дошол на идеа да ги комбинира токму овие два производа останува неизвесно.

Корисниците на „Reddit“ повеќето реагираат негативно на ваквиот производ:

„Ова е лоша идеја“, вели еден корисник. „Немаме потреба од тоа „Nutella“ да предизвикува уште поголема зависност“, беше коментарот на друг корисник.