среда, јануари 19, 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАНародната банка ги претстави макроекономските проекции пред меѓународната заедница

Народната банка ги претстави макроекономските проекции пред меѓународната заедница

Проекциите на Народната банка се многу блиску до проекциите на меѓународните финансиски институции и Европската комисија

На видеоконференциски состанок, вчера, беа претставени најновите макроекономски проекции на Народната банка пред меѓународната заедница – дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции: Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). На настанот учествуваа и претставници на Обединетите нации (ООН), Програмата за развој на ООН  (УНДП), Делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Унгарија, Чешка, Украина, Словачка, Бугарија, Соединетите Американски Држави (САД), Кина, Германија, Словенија, Грција, Романија, Швајцарија, Шпанија и Косово.

„Проекциите на Народната банка за темпото на закрепнување на македонската економија и за инфлација се многу блиску до проекциите и на меѓународните финансиски институции и Европската комисија. Народната банка проектира економски раст за оваа година од 3,9%, ММФ и Европската комисија од 4%, а Светската банка од 4,6%. Во однос на инфлацијата, за оваа година, Народната банка проектира раст од 3,1%, што е идентично и со проекцијата на ММФ и слично на проекцијата на Европската комисија од 3,3%, а Светската банка проектира умерено пониска инфлација од 2,4.“ –  беше истакнато на состанокот, откако се водеше и дискусија за оцените и очекувањата на централната банка.

Во презентацијата, гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, посочи дека макроекономското сценарио и ризиците околу него и овојпат се условени пред сѐ од натамошните случувања поврзани со здравствената криза, нарушувањата во глобалните синџири на снабдување и производство и актуелната енергетска криза.

Меѓу другото, Ангеловска-Бежоска се осврна и на очекувањата за натамошен солиден кредитен и депозитен раст. Како што посочи, се очекува кредитна активност на банкарскиот сектор, којашто ќе го поддржи закрепнувањето на економијата. Според проекциите, кредитната поддршка оваа година ќе изнесува 7,1% и постепено ќе забрза достигнувајќи околу 8% на среден рок. Слични се очекувањата и за движењето на депозитите.

Претставувањето на макроекономските проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции е редовна практика, а имајќи ги предвид околностите со пандемијата, по третпат се одржа преку видеоконференциска врска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ НЕ

91,744фановиЗаследи
2,161следбенициЗаследи
1,419следбенициЗаследи