28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗО ла ла! Ова е новата француска претседателска „лимузина“ (ФОТО/ВИДЕО)

О ла ла! Ова е новата француска претседателска „лимузина“ (ФОТО/ВИДЕО)

Како и другите моќни земји со силна автомобилска индустрија, Франција за свои претседатели ги користеше луксузните модели на еден од домашните производители на автомобили.

Овој пат тие го избраа луксузниот кросовер „DS 7 Crossback Élysée“, домашна премиум марка која продолжува да ја наследува традицијата на луксузните седани на „Citroen“.

Специјалниот автомобил во кој ќе се вози Емануел Макрон е базиран на серискиот модел „DS 7 Crossback E-Tense 300“, чие меѓуоскино растојание е продолжено за 200 mm, па вкупната должина на автомобилот сега е 4.790 mm.

Ова не е единствената промена во однос на сериското возило, имајќи предвид дека кросоверот, меѓу другото, доби и висок степен на балистичка заштита, држачи за знамиња на предниот дел, „блинкери“, а избрана е и посебна надворешна боја – „Ink Blue“.

Автомобилот е поставен на уникатни алуминиумски тркала од 20 инчи, а поставен е и посебен телекомуникациски систем. За дополнително да ја покаже својата функција, „DS 7 Crossback Élysée“ ги има и иницијалите „RF“ во внатрешноста.

Кога станува збор за патничката кабина, има две одвоени, удобни седишта со електрични прилагодувања во задниот дел, додека на централната конзола има безжичен полнач за претседателскиот смартфон, како и „климатски“ контроли за задниот дел на кабина. Тапацирот е во комбинација од кожа-алкантара.

Една од работите што не е променета во однос на фабричкиот модел е „plug-in“ хибридниот погонски систем.

Во неговото срце е бензинецот „PureTech“ и е потпомогнат од два електромотори, додека електричната енергија се складира во батерија од 13,2 kWh.

Хибридниот систем овозможува погон на сите тркала, а вкупната комбинирана моќност на автомобилот е 300 ks (221 kW), додека максималниот вртежен момент е 520 Nm.

Бидејќи возилото е блиндирано, дополнителната тежина секако влијаеше на перформансите. Производителот не откри податоци за забрзувањето, а потсетуваме дека сериската верзија на моделот „DS 7 Crossback“ достигнува до 100 km/h за 5,9 секунди.

Што се однесува до автономијата во чисто електричен режим на возење, таа е околу 60 km во серискиот модел.

„DS 7 Crossback Élysée“ беше официјално претставен како ново претседателско возило на 11-ти ноември, кога се слави Денот на примирјето од Првата светска војна низ Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП