25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ ќе го зголеми производството за претстојните уреди „Galaxy Z Fold 4“...

„Samsung“ ќе го зголеми производството за претстојните уреди „Galaxy Z Fold 4“ и „Z Flip 4“

Според неодамна објавениот документ, „Samsung“ планира да го зголеми производството на следната генерација на премиум уредите „Galaxy Z Fold 4“ и „Galaxy Z Flip 4“ следната година.

Поевтиниот и попопуларен „Galaxy Z Flip 4“ ќе добие значително повеќе простор на производните линии, додека „Z Fold 4“ ќе остане приближно ист како овогодинешниот „Z Fold 3“, во однос на бројките.

Според документот, „Samsung“ ќе произведе 6,9 милиони уреди „Galaxy Z Flip 4“ и 2,9 милиони единици од „Z Fold 4“. За споредба, „Z Flip 3“ имаше за цел да произведе 4 милиони единици, додека „Z Fold 3“ беше 3 милиони. Цената на „Z Flip 3“ започна од 999 долари во оваа година, што очигледно му помогна на „Samsung“ да ја зголеми продажбата, а веројатно очекува истото да се случи и следната година со понапредната верзија.

Документот открива и колку единици „Samsung“ очекува да продаде од претстојната серија „Galaxy S22“. „Samsung“ очекува да произведе 14 милиони уреди од „Galaxy S22“, 8 милиони од „Galaxy S22 Plus“ и 11 милиони премиум уреди од „Galaxy S22 Ultra“ – кои се очекува да изгледаат како уредите од серијата „Galaxy Note“ и да доаѓаат со вградено „S“ пенкало.

„Galaxy S21“ имаше цел од 10 милиони, 8 милиони од „Galaxy S21 Plus“ и 8 милиони од „S21 Ultra“. „Samsung“ очекува да продаде повеќе стандардни уреди „Galaxy S22“ и „S22 Plus“ отколку оваа година, што би можело да има врска со цените и кризата во синџирот на снабдување.

Во извештајот се наведува и дека серијата „Galaxy S22“ ќе биде објавена на 5-ти јануари на „CES“, што не е првпат да слушаме за такви гласини. „Galaxy S21 FE“ се очекува да се појави на пазарот некаде во јануари, додека други гласини тврдат дека серијата „S22“ ќе пристигне некаде во февруари. Тешко е да се предвиди кој е точно во право, но едно е јасно, новите водечки модели доаѓаат на почетокот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП