29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватската пошта започна да работи со крипто пари

Хрватската пошта започна да работи со крипто пари

Хрватската пошта(HP) ја прошири својата услуга на купо-продажба на криптовалути, кои сега може да се купат или продадат во повеќе од 50 избрани пошти што ги покриваат сите хрватски општини.

Според HP, во поштите може да се тргува со 11 криптовалути – биткоин, рипл, стелар, етер, еос, биткоин кеш, даи, УСДТ, УСД коин, полкадот и кусама.

Хрватската пошта потсетува дека пред речиси две години ја воведоа услугата за откуп на криптовалути во одбрани пошти.

HP истакна дека корисниците имаат пристап и до Crypto Center, специјална веб-страница која ги обединува сите услуги на HP поврзани со криптовалути.

Страницата содржи курсна листа, информации за купување и продавање на саканата криптовалута, како и интерактивна мапа со поштенски адреси на кои е достапна оваа услуга.

Исто така, на него може да се купат и крипто-марки, а како што истакнаа од HP, тоа е уште една новина со која домашната филателија ја поврзаа со новите технолошки трендови, односно пазарот на NFT.

Сите три изданија на крипто-марки кои беа пуштени во оптек имаа вкупно 3.000 ексклузивни примероци кои можеа да се купат само со криптовалути и кои во меѓувреме беа распродадени, а крипто-марките може да се купат во поголемите пошти и на epostshop.hr , се вели во соопштението на HP.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП