25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАУште потешко ќе биде да се купи „Sony PS5“ во 2022-ра

Уште потешко ќе биде да се купи „Sony PS5“ во 2022-ра

Ако планиравте да ја купите последната генерација на конзоли на „Sony“ во оваа година, можеби тоа не е лесна задача.

Според извештајот на „Bloomberg“, јапонскиот технолошки гигант ги намали прогнозите за внатрешно производство на „PlayStation 5“ поради недостаток на чипови што ја измачуваат глобалната електронска индустрија. Компанијата очигледно очекуваше да произведе 16 милиони „PS5“ единици помеѓу април 2021-ва и март 2022-ра година, но ја намали таа бројка за еден милион поради ограничувањата во снабдувањето. Сè уште е во рамките на бројот на конзоли за „PlayStation 5“ што „Sony“ планира да ги продаде во текот на годината.

Сепак, тоа исто така значи дека новите клиенти, или оние што се предомислуваат, можеби нема да добијат шанса да го добијат уредот. Оваа промена во бројките на производството може дури и да доведе до пад на акциите на компанијата.

Имајќи го тоа на ум, ако не брзате премногу, има големи шанси да добиете „PS5“ по април 2022-ра година. Според извештаите, внатрешните прогнози на „Sony“ велат дека ќе продаде дури 22,6 милиони единици од „PS5“ конзолата во текот на следната фискална година, која започнува во април 2022-ра година.

Сепак, овие извештаи споменуваат и дека производствените партнери на „Sony“ не се оптимисти за овие бројки за производство и продажба како јапонскиот гигант. Разбирливо, имајќи предвид дека производствените компании ширум светот се борат да ги исполнат барањата на електронските компании.

„Sony“ не е првата компанија која ги намали проекциите. „Apple“ исто така мораше да ги намали своите цели за производство за серијата „iPhone 13“ за оваа година, благодарение на истите ограничувања во снабдувањето.

Покрај глобалниот недостиг на чипови, индустријата е зафатена и со ограничувања за набавка на други видови. На пример, глобалните транспортни трошоци драстично се зголемија, додека достапноста за испорака исто така се намали.

Останува да видиме колку сето ова вкупно ќе се одрази на пазарот. Едно е сигурно: побарувачката е огромна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП