28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТХоландија воведува „локдаун“ – се се затвора по 19 часот

Холандија воведува „локдаун“ – се се затвора по 19 часот

Холандија ќе биде првата западноевропска земја што ќе воведе делумно затворање на земјата. Рестриктивните мерки ќе стапат на сила претстојниот викенд, соопшти денеска холандскиот јавен сервис НОС.

Кафулињата, рестораните и продавниците за непрехранбени производи ќе мора да затворат до 19 часот најмалку три недели, почнувајќи од утре, соопшти ИСО, цитирајќи владини извори.

Луѓето ќе бидат повикани да работат од дома колку што можат, а на спортските настани во наредните недели ќе нема публика, додаде „Ројтерс“.

Училиштата, кината и театрите ќе останат отворени. Привремената влада на Марк Руте до вечерва ќе донесе одлука за новите мерки и ќе ја соопшти на прес-конференција закажана за 19.00 часот.

Бројот на заразени со коронавирус рапидно се зголеми по укинувањето на физичката дистанца на крајот на септември, па во четвртокот за 24 часа беше постигнат рекорден број заболени од околу 16.300.

Во Холандија, околу 85 отсто од полнолетните граѓани се ревакцинирани, а бустер дозите досега се одобрени само за мала група на луѓе – лица со намален имунитет и лица постари од 80 години.

Минатиот месец, околу 55 отсто од пациентите во холандските болници и околу 70 отсто на интензивна нега биле невакцинирани или делумно вакцинирани, покажуваат податоците на Холандскиот институт за здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП