Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.11/2021 за долгови доспеани до 31.07.2021 и неплатени до 31.10.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.11/2021 објавени се 1.805 должници – правни лица (повеќе за 53 од претходната листа) и 3.088 физички лица (повеќе за 112 од претходната листа).

