4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајосамената продавачка во Грција!

Најосамената продавачка во Грција!

ferari grcija

Во Грција не така одамна имаше повеќе џипови „Порше Кајен“ отколку граѓани кои во даночните служби пријавиле годишна заработка поголема од 50.000 евра. Британскиот „Гардијан“ пишува дека тие времиња се минато и дека единствениот салон на „Ферари“ во оваа држава погодена од кризата, веќе две години нема продадено ниту еден автомобил.

Анџелики Карица, вработена во салонот на „Ферари“, најверојатно е најосамената продавачка во Грција. Таа овие денови ја затвори продавницата и стави натпис дека нема да се врати пред септември. Инаку таа по професија е маркетинг менаџер, но ни таа титула не и помогна во последните две години да продаде барем еден суперавтомобил.

„На почетокот на 2012-та продадовме „458 Спајдер“, но од тогаш ништо. Немаме автомобили ниту на лагер, ги добиваме по порачка“, вели Анџелики на почетокот на својот едномесечен одмор.

Во Грција рецесијата трае веќе шест години без престан со рекордна невработеност, па продажбата на автомобили потполно падна. Богатите во таква ситуација веројатно несакаат да предизвикуваат гнев на јавноста, па се трудат се помалку да се експонираат со скапите автомобили.

Министерството за сообраќај заклучно со јули регистрирало за 75 проценти помалку возила отколку во првите седум месеци во 2008-та година. Пред кризата грчката држава добиваше големи приходи од пазарот на автомобили кој чинеше 12 проценти од БДП.

Во текот на првата половина на 2008-та година биле регистрирани повеќе од 187.000 патнички возила од кои 12 „Ферари“ и повеќе од 300 „Порше“. Оваа година заклучно со јуни регистрирани се помалку од 37.000 возила, меѓу кои нема ниту едно „Ферари“, но има половина дузина од марката „Порше“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП