19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на струјата во САД расте најбрзо од 2009-та

Цената на струјата во САД расте најбрзо од 2009-та

Американските потрошувачи се соочуваат со најголем пораст на трошоците за енергија во повеќе од една деценија во минатиот месец, бидејќи цените на струјата, природниот гас и мазутот растат како што се приближува зимата, пишува „Bloomberg“.

Цената на струјата во октомври пораснала за 6,5 отсто во однос на истиот месец лани, а трошоците за потрошувачки гас се зголемени за 28 отсто, соопшти американската Агенција за статистика на трудот. Мазутот поскапе за 59 отсто, а цената на пропанот, керозинот и огревното дрво поскапе за околу 35 отсто, покажуваат податоците.

Зголемувањето на цената на струјата е најголемо од март 2009-та година, а поскапувањето на гасот за потрошувачите во домаќинствата е најголемо од август 2008-ма година, покажуваат податоците на Федералните резерви во Сент Луис, кои ја користат трудовата статистика за историски споредби.

Растот во октомври е нов знак за повисоки сметки за парно за домаќинствата во САД како што се приближува зимата. Цените на гасот и нафтата во САД се приближуваат на долгорочните највисоки нивоа во услови на глобално намалување на понудата, а недостигот на работна сила во американските рудници за јаглен ги зголемува проблемите.

Оваа зима ќе биде најскапа од најмалку 2014-2015 година за домаќинствата кои користат гас, мазут или електрична енергија, покажуваат податоците на американската Администрација за енергетски информации.

„Очекуваме многу поскапа зима годинава за греење на домовите. Сликата е прилично мрачна“, рече Марк Волф, кој ја предводи Националната асоцијација на директори за енергетска помош, федералната владина организација која ја одредува федералната енергетска поддршка.

Голем број големи американски енергетски компании ги предупредуваат клиентите за високите трошоци оваа зима. „Duke Energy Corp.“ дури преговара со своите регулатори за предлог да се ублажат ефектите со презакажување на трошоците за гас за две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП