25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Subaru“ го покажа својот прв електричен кросовер (ФОТО/ВИДЕО)

„Subaru“ го покажа својот прв електричен кросовер (ФОТО/ВИДЕО)

Во април 2021-ва година, „Toyota“ го покажа прототипот на својот електричен кросовер „bZ4X“, а уште тогаш стана јасно дека ќе има близнак по име „Subaru Solterra“.

Пред неколку дена ја видовме сериската верзија на моделот „Toyota“, а сега излегува и нејзиниот најблизок роднина.

Разликите меѓу двата електрични автомобили се најмногу во изгледот. Кросоверот на „Subaru“ добива врежана шестоаголна плоча на местото на решетката на ладилникот, како и различна оптика. „Solterra“ има тркалезни светла за магла и заштитна подлога за долниот дел од телото.

Внатрешноста на „Solterra“ целосно се совпаѓа со „bZ4X“, бидејќи го има истиот правоаголен екран на мултимедијалниот комплекс, како и истиот распоред над контролната табла. Моделот на „Subaru“ е со панорамски покрив, а кај „Toyota“ може да се замени со соларни панели.

„Solterra“ е изграден на глобалната платформа „e-Subaru“ со потпори „McPherson“ напред, двојни задни потпори и вентилирани диск сопирачки. Архитектурата е идентична со „e-TNGA“ на „Toyota“, заеднички развој на двете компании. Батеријата се наоѓа под подот и има капацитет од 71,4 kW/h, што треба да обезбеди домет од 460 km.

Ако „bZ4X“ може да се избере и со погон на предните тркала и 4×4, „Solterra“ е достапна само со погон на сите тркала. Кросоверот „Subaru“ има по еден електромотор на секоја оска, со вкупна моќност од 218 ks. Обезбеден е „off-road“ асистент „AWD X-mode“, на кој е додадена функцијата „Grip Control“ – интелигентен систем за контрола на тракцијата што го оптимизира напорот за влечење во зависност од брзината и квалитетот на патот.

Производството на електричниот кросовер на „Subaru“ ќе започне во средината на 2022-ра година, а ќе се продава не само во Јапонија, туку и во САД, Канада, Европа и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП