Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, изјави дека Телеком на 16 ноември ќе ја отвори првата експозитура во Северна Македонија и најави дека компанијата дополнително ќе се прошири благодарение на партнерството со Водафон.
Почнуваме со сателитска телевизија, а во март или април почнуваме и со мобилна телефонија во Северна Македонија“, рече Лучиќ гостувајќи на српската телевизија ТВ Прва.
Тој додаде дека првата експозитура во Северна Македонија ќе биде отворена во центарот на Скопје.
Тој вели дека во првиот квартал од следната година е планирано и отворање на филијали на Телеком Србија во Германија и Швајцарија.
„Германија имаше многу заклучување поради короната, што го спречи брзиот развој. Значи, следната земја каде што ќе отвориме околу 30 филијали во сите градови каде што е нашата дијаспора е Германија“, изјави Лучиќ.