27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlrosa во првата деловна зделка продала дијаманти за 750.751 долари

Alrosa во првата деловна зделка продала дијаманти за 750.751 долари

alrosa1

Групата на руски компании за производство на дијаманти „Alrosa“ денес ја направи првата продажба на Шангајската берза за дијаманти (Shanghai Diamond Exchange, SDE) на која продаде роба во вредност од 750.751 долари.

На листата на производители биле 35 компании, а продадени се дијаманти за 505.362 долари и брилијанти за 245.389 долари.

Првото тргување на Шангајската берза на дијаманти за групацијата „Alrosa“ било пробно, а компанијата позитивно ги оцени резултатите. И во иднина има намера да ја продолжи соработката со „SDE“.

Групацијата „Alrosa“ ги собра руските рударски компании за вадење на дијаманти. Групацијата се занимава со истражување, вадење, производство и продажба на дијаманти.

Во 2012 година „Alrosa“ произведе 34,4 милиони карати сурови дијаманти, а приходите достигнаа до 4,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП