29 март, 2024
ПочетнаКОРОНАДиректорот на „Фајзер“: Мала група луѓе шират дезинформации за вакцините, тие се...

Директорот на „Фајзер“: Мала група луѓе шират дезинформации за вакцините, тие се криминалци

Извршниот директор на „Фајзер“ Алберт Бурла, обвини милиони луѓе за ширење дезинформации за вакцините против Ковид-19 произведени од неговата компанија. Тој исто така рече дека светот ќе се врати во нормала само кога сите ќе бидат вакцинирани.

Говорејќи пред Атлантскиот совет, Бурла рече дека многу мала група луѓе шират дезинформации за вакцините против Ковид-19, вклучително и вакцините на неговата компанија.

„Овие луѓе се криминалци“, му рече тој на директорот на Атлантскиот совет, Фредерик Кемп.

Неговите зборови потсетуваат на она што го рече американскиот претседател Џо Бајден кога ги обвини социјалните мрежи за „убивање луѓе“ во текот на летото, дозволувајќи им на скептиците и противниците на вакцинацијата да ги користат тие платформи.

Иако Бајден подоцна го повлече она што го рече, тој продолжи да тврди дека лажните информации се одговорни за многу смртни случаи.

„ Единственото нешто што го попречи нормалниот начин на живот и сегашниот начин на живот е, искрено, двоумењето околу вакцинацијата“, рече Кемп.

И Светската здравствена организација (СЗО) и Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ја прогласија за ефикасна вакцината нa „Фајзер“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП