25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПандемијата не им пречи да бидат оптимисти и да уживаат во својот...

Пандемијата не им пречи да бидат оптимисти и да уживаат во својот живот

И покрај пандемијата, Европејците се оптимисти за иднината на регионот во кој живеат и се задоволни од квалитетот на својот живот, покажуваат прелиминарните податоци од истражувањето на Евробарометар. Анкетата е спроведена во периодот септември – октомври 2021-ва година.

Севкупно, 83% од граѓаните на ЕУ го опишуваат квалитетот на животот во нивниот регион како добар. Ова е зголемување за 3 поени во однос на 2018-та година. Зголемување има и во начинот на кој Европејците ја одредуваат економската состојба во нивниот регион – 68%, или зголемување за 2 поени во однос на 2018-та година, сметаат дека е добро.

71% од учесниците во истражувањето се оптимисти за иднината, што е зголемување за 3 поени во однос на претходната анкета спроведена во 2018-та година. Во ЕУ веруваат 61%, односно без промена во однос на 2018-та година.

Истражувањето на Евробарометар покажува и дека главни проблеми кои во моментов ги загрижуваат граѓаните на ЕУ се економската состојба и невработеноста (33%). По нив следуваат здравството (24%), трошоците за живот (23%) и климатските промени (22%).

57% од испитаниците даваат задоволителна оценка за одговорот на ЕУ на пандемијата, а 55% веруваат дека шемата за финансирање „NextGenerationEU“, која обезбедува средства за справување со ефектите од кризата со коронавирусот, ќе и помогне на заедницата да се справи со предизвиците.

Сепак, Европејците се поделени околу Зелениот договор – 47% сметаат дека тоа ќе биде ефективна алатка за ЕУ, но 44% велат дека е неефективен и нема да и помогне на заедницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП