25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРастот на „PayPal“ забавува

Растот на „PayPal“ забавува

По првичниот бум во онлајн купувањето за време на пандемијата на коронавирусот, бизнисот со платежните услуги „PayPal“ повеќе не расте толку брзо.

Во трите месеци до крајот на септември, приходите се зголемија за 13% на годишно ниво на 6,2 милијарди долари (5,4 милијарди евра), објави „PayPal“ во вторникот по завршувањето на сесијата на американскиот пазар. Профитот се зголеми за шест отсто на 1,1 милијарди долари.

И покрај значителниот раст на продажбата, стапката на раст значително забави во споредба со претходните квартали и е под очекувањата на аналитичарите. Покрај тоа, „PayPal“ ја намали својата прогноза за годината. Во однос на профитот, сепак, „PayPal“ остана над очекувањата. Прилагодената заработка по акција беше 1,11 долари по акција, додека во истражувањето на „Refinitive“, експертите предвидуваа 1,07 долари.

Ова ги натера инвеститорите да останат оптимисти и на пост-берзанската сесија акциите пораснаа и до 1%. Акциите реагираа и на најавената соработка со „Amazon“. Најголемиот онлајн трговец на мало во светот има намера да им дозволи на клиентите во САД да вршат плаќања преку својата подружница „PayPal Venmo“ од 2022-ра година.

Објавувањето на зделката привремено ги засени резултатите за третиот квартал. „Постигнавме договор со „Amazon“ во кој тие ќе прифатат „Pay with Venmo“ на „Amazon.com“ и нивната апликација за мобилно плаќање, што очигледно е неверојатно значаен дел од развојот на „Venmo““, рече извршниот директор на „PayPal“, Ден Шулман во интервју за „Bloomberg“.

„Ова се должи на фактот што веќе ги немаме ограничувањата од договорот за експлоатација со „EBay“. Тоа ни овозможи да го постигнеме тој договор со „Amazon““, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП