29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаск изгуби 50 милијарди долари за два дена

Маск изгуби 50 милијарди долари за два дена

Илон Маск изгуби 50 милијарди долари оваа недела откако акциите на Тесла изгубија вредност втор ден по ред.

Тоа е најголемиот пад за два дена од мерењето на личното богатство според индексот на милијардери на Блумберг и најголемиот еднодневен пад кога Џеф Безос изгуби 36 милијарди долари веднаш по разводот во 2019 година.

Загубата на Тесла доаѓа среде турбулентните неколку дена за најголемиот производител на електрични автомобили. Се започна кога основачот на компанијата Маск ги праша своите следбеници на социјалната мрежа Твитер за време на викендот дали треба да продаде 10% од својот удел во компанијата, по што следеше веста дека неговиот брат Кимбал ги продал акциите непосредно пред гласањето.

Конечно, имаше извештај од Business Insider за Мајкл Бери – инвеститорот кој стана познат по филмот „The Big Short“ – во кој се вели дека Маск можеби сака да продаде акции за да ги покрие своите лични долгови.

Сегашниот пад на акциите ја намалува предноста на Маск пред Безос како најбогат човек во светот на 83 милијарди долари разлика. За прв пат во јануари, Маск го надмина основачот на Амазон „во борбата за таа титула“, а јазот меѓу нив неодамна се зголеми на дури 143 милијарди долари, што е цифра поголема од нето вредноста на Бил Гејтс, четвртиот најбогат човек на светот.

Инвестицискиот фонд ARK Investment Management, кој продаваше акции на Тесла во текот на изминатите неколку месеци, загуби повеќе од 750 милиони долари од распродажбата, додека основачот на Oracle, Лари Елисон, вториот најголем поединечен акционер на компанијата, загуби околу 2,1 милијарди долари.

И покрај падот, богатството на Маск продолжи да се зголемува за 70 отсто од почетокот на оваа година, благодарение на придобивките на Тесла врз основа на силниот раст на заработката и бројот на испораки и повисоката вредност на SpaceX. Пазарната капитализација на Tesla остана над трилион долари, мерка постигната минатиот месец откако резултатите во третиот квартал значително ги надминаа пазарните очекувања и кога компанијата за изнајмување автомобили Hertz Global Holdings Inc. нарача 100.000 примероци од автомобилите на Тесла.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП