24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПродолжува хаосот со мигрантите – голем број ја пробија оградата и упаднаа...

Продолжува хаосот со мигрантите – голем број ја пробија оградата и упаднаа во Полска(ВИДЕО)

Две поголеми групи мигранти наводно успеале да ја пробијат оградата на границата меѓу Белорусија и Полска. Неколку десетици луѓе успеале да урнат ограда кај селата Кринки и Бјаловија и да ја преминат границата, јави полската агенција ПАП. Како што се наведува, и во двата случаи блокадите биле насилно пробиени.

Портпаролот на локалните граничари изјави дека и во двата случаи мигрантите во напад ги уништиле оградите и бариерите на границата, пренесува ТАСС.

Некои мигранти се заробени и вратени на територијата на Белорусија, додека други останале во бегство.

Тензиите се зголемуваат во последните неколку дена на границата меѓу Белорусија и Полска, каде мигрантите се обидуваат да стигнат до Европската унија.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вчера ја опиша бегалската криза на границата со Белорусија како нов тип на војна и дел од „координиран напад“, обвинувајќи ја белоруската страна за намерно ослободување на мигрантите.

Од друга страна, официјален Минск смета дека неосновани се обвинувањата на Варшава дека белоруски војници ја минуваат границата со Полска, соопшти белоруското Министерство за одбрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП