Франција ќе изгради нови нуклеарни реактори за да ја намали зависноста на земјата од странски испораки на енергетски, така што ќе ги исполни глобалните цели кога станува збор за глобалното затоплување и да ги држи цените под контрола, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Ројтерс.
На почетокот на својот мандат, Макрон најави намалување на нуклеарниот удел во францускиот енергетски микс на 50 од 75 отсто до 2035 година, потсетува агенцијата и додава дека сегашната енергетска криза го промени расположението во Париз само пет месеци пред новите претседателскаиизбори.

