29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да го исфрлите никотинот од организмот?

Како да го исфрлите никотинот од организмот?

Без оглед на тоа дали сте успеале да се одвикнете од пушењето или допрва планирате да го направите тоа, детоксикацијата е одлична идеја.

Овие намирници имаат одлично влијание и се препорачуваат за детоксикација по пушење.

Сок од цеден портокал

Ова е многу ефикасен домашен лек за исфрлување на никотинот од организмот, особено за оние кои сакаат да престанат со пушењето.

Брокули

Нивото на никотин во организмот може да се намали и така што ќе јадете брокули. Овој зелен зеленчук е богат со витамините Б5 и Ц кои ефикасно ќе ги заменат витамините кои се губат при пушењето цигари.

Сок од моркови

Кога ќе влезе во организмот, никотинот влегува во крвотокот и во телото се задржува три дена. Сокот од моркови може да го намали негативото влијание на цигарите на организмот. Овој напиток е богат со витамините А, Ц, К, и Б кои се ефикасни во исфрлувањето на токсините од телото.

Вода

Водата може да ги исфрли речиси сите штетни материи од организмот, вклучувајќи го и никотинот. Ако дневно внесувате по 8 чаши вода, можете значително да го намалите негативното влијание на пушењето. На обичната вода можете да и додадете неколку кришки лимон или портокал со цел да и го подобрите вкусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП