четврток, 8 декември 2022
ПочетнаДИЕТИДиета 2+1: Намалете 5 кг за 2 недели

Диета 2+1: Намалете 5 кг за 2 недели

Ако вашата желба е идеалната линија, не е потребно да се откажете од омилената храна…

Овој режим на исхрана се базира на внесување на големи количини на зеленчук и неопходните количини на протеини, а по две недели од диетата ќе се навикнете на поздравите избори на намирници и ќе ви биде полесно да ја одржите саканата тежина…

Диетата 2+1 дозволува консумирање на сите вообичаени намирници, но нагласокот го става на зеленчукот – чинијата наполнете ја со две третини зеленчук и една третина месо.

Со други зборови, кај секој оброк, околу 70 проценти од храната во чинијата треба да биде зеленчук (две третини), а остатокот (една третина) со протеини по желба, како месо, риба, јајца или соја.

Коренастиот и лиснатиот зеленчук кои се достапни во овој период од годината се богати со хранливи материи и прехрамбени влакна кои овозможуваат чувсто на ситост, поттикнуваат подобра работа на органите за варење, а покрај тоа имаат и малку калории.

Основаната идеја на овој режим на исхрана се темели на принципот за консумација на повеќе храна со помалку калории и избегнување на претерано слатките, солените, и масните залаци. Избегнете ги грицките, газираните пијалоци и слатките, а истовремено консумирајте повеќе вода и билни чаеви без шеќер.

За да постигнете оптимални резултати, ограничете ја порцијата на протеини во оброкот на 80 грама, јадете немасно бело месо, печено во малку маснотија, риба богата со омега 3 масни киселини или вегетаријанска замена како што се печурките, а остатокот од чинијата пополнете го со морков, целер, блитва, зелка или друг зеленчук кој го сакате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП