1 јули, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИКратење или не !? Прашање е сега !?

Кратење или не !? Прашање е сега !?

bik-wallstreet

Денешниот ден ке биде во знакот на извештајот на комитетот за слободен пазар на САД (20 часот), кој ке извести за состојбите на најголемиот светски пазар како и за предвидувањата и препораките во однос на финансиските политики кои би требало да бидат имплементирани.

Во изминатите два дена финансиската јавност беше преплавена со анализи, известувања, предвидувања па дури и тврдења во врска со политиката за евентуалното намалување на програмот за откуп на новоиздадени обврзници. Не постои сериозна телевизиска куќа, весник или портал кој не се занимава со ова прашање. Од обемниот преглед на истите а и од падот на доларот денес, сметаме дека преовлада мислењето дека комитетот вечерва ке ни испорача едно големо ништо! Иако има и многу мислења дека ке биде спомнато кратење на програмот за 20-25 милијарди долари почнувајки од Септември.

Ситуацијата секако е многу деликатна заради неколку причини:

1. Финансиските експерти креатори на политиката се свесни дека бројките и показателите за раст во САД не се на посакуваното ниво и со предвременото кратење дека и дополнително ке ги ослабнат…, а ова беше последното оружје за борба !?

2. Пазарот на акции во САД во изминатиов период растеше континуирано и достигна историски највисоко ниво и доколку се намали или прекине програмот на креирање на ликвидност дека ке дојде до голем пад… , кој на политичките и финансиските власти им е недозволив од причини кои ги засегаат само нив!?

3. Одржувањето на растот општо е важен за финансиски систем, пензиски и инвестициски фондови, пазарот на работна сила, осигурителни друштва, домувањето, производството, потрошувачката… бидејки со намалувањето на ликвидноста и вредностите целокупниот систем ќе се успори повторно.

4. Нема ни на повидок друго решение за подобрување на состојбите…, најверојатно ова е и причина зошто неофицијално Б.Бернаке (поборник за ефикасноста на ваквиот програм) доби “црвен картон“.

Се наметнува заклучок дека економијат во САД и пазарите општо станаа целосно зависни од вештачкото креирање на ликвидност, но исто така заклучок е и дека ваквиот процес не може да трае до бесконечност зошто колку што помага за придвижување на економијата, истовремено толку и прави штета на финансиските биланси на државата.

Во однос на Форекс пазарот влијанието секако ке биде големо. Па така, наше мислење е дека доколку имаме статус кво ситуација во извештајот доларот дополнително ке ослабне но не премногу бидејки индикативно е дека пазарот веке делумно го вкалкулира ваквиот исход.

Кај парот EUR/USD кој вчера затвори малку над фамозната граница од 1.34 може со голема сигурност да го однесе до 1.35, евентуално до 1.36 и многу малку веројатно над тоа ниво.

Доколку биде објава за почеток со кратење од Септември, доларот нагло и силно ке порасне што би можело да предизвика брз пад на парот EUR/USD до 1.32, многу веројатно и пресврт на трендот и понатамошен надолен тренд со пад до 1.30 во наредните неколку дена. Ваквиот развој на настанот би значел и пад на пазарот на акции во САД, но и можен пад на цените на пазарите на материјали и енергенси.

Бидете подготвени!

Адмирал Маркетс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП