1 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа EUR/USD 21.08.2013

Техничка анализа EUR/USD 21.08.2013

Валутниот пар EUR/USD деновиве забележува значителен раст, посебно вчерашниот ден со рекорден скок до највисокото ниво од последните три месеци на цена од 1,3450.

Сепак сеуште не може да се потврди дали тоа е комплетно креиран нов нагорен тренд и долгорочен раст на еврото во однос на доларот бидејки формациите на цената при историските податоци на врвовите и дноата на дневен временски период се креирани од на слични нивоа по најмалку два пати цената се одбива од сличните нивоа или е формиран таканаречен “Range” пазар од најниска цена 1,2750 и највисока цена 1,3440.

eurusd

Во тек на денешниот ден нема да има значителни движења се до 20:00 часот по македонско време, кога се очекува објавата на федералните резерви на САД која секогаш има огромно влијание врз понатамошното движење на цената на EUR/USD.

При техничката анализа цената би требало да почне да паѓа, но сепак мора да се причека на новите податоци при FOMC на вечерашната прес конференција на претседателот на ФЕД Бен Бернанки.

Доколку цената продолжи да расте најверојатно ќе може да се утврди нов долгорочен нагорен тренд на еврото во однос на доларот.

За понатамошни информации следете не со нова анализа после 20:00 часот.

 

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП