25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„JPMorgan“ предвидува раст на биткоинот близу 150.000 долари

„JPMorgan“ предвидува раст на биткоинот близу 150.000 долари

Најголемата американска банка, „JPMorgan“, предвидува дека биткоинот долгорочно би можел да скокне до 146.000 долари.

Услов е нестабилноста да стивне и институциите да почнат да го претпочитаат во однос на златото во нивните портфолија, пишува „Business Insider“.

Тоа е приближно 130% повеќе од моменталната цена на биткоинот. Таа се движи помеѓу 60.000 и 65.000 долари во изминатата недела.

„JPMorgan“ верува дека биткоинот, кој исто така е редок производ, се повеќе се натпреварува со златото за вниманието на инвеститорите како заштита од инфлација, односно како нешто што ќе расте дури и кога инфлацијата ќе ја уништи вредноста на другите средства.

„Појавата на загриженост за инфлацијата кај инвеститорите во текот на септември и октомври 2021-ва година се чини дека го обнови интересот за користење на биткоинот како заштита од инфлација. Привлечноста на биткоинот како хеџ против инфлацијата можеби е зајакната со неуспехот на златото во последните недели да одговори на растечката загриженост за инфлацијата“, рече стратегот на „JPMorgan“, Николаос Панигирцоглу.

Инфлацијата во САД е на највисоко ниво во последните 13 години и порасна ширум светот.

Панигирцоглу гледа како аргумент дека криптовалутата ќе продолжи да се бори со златото за превласт и тоа што милениумците стануваат сè помоќни во светот на инвестициите.

„Со оглед на тоа колку е голема финансиската инвестиција во злато, секое такво истискување на златото како алтернативна валута подразбира големо зголемување на биткоинот на долг рок“, рече тој, сугерирајќи дека на долг рок цената на биткоинот може да се искачи на 146.000 долари.

Сепак, „JPMorgan“ велат дека огромната нестабилност (степенот на варијација во серијата цени на тргување со текот на времето) на биткоинот ќе мора нагло да падне за да се реализира цената од 146.000 долари, така што инвеститорите поврзани со правилата ќе се чувствуваат удобно да додаваат до нивните портфолија.

Нестабилноста на биткоинот во моментов е околу четири до пет пати поголема од златото, соопшти банката. Тоа би требало драматично да падне пред институционалните инвеститори да влезат во игра.

„JPMorgan“ истакнува дека нестабилноста на биткоинот е главна пречка за одржливиот раст на цените. Тие додаваат дека репутацијата на криптовалутата е сериозно нарушена за време на нејзините скокови и падови во април и мај.

Од банката всушност веруваат дека нестабилноста е сè уште таков проблем што фер цена на биткоинот во моментов е всушност околу 35.000 долари.

Сепак, банката соопшти дека нестабилноста на вирутелната валута моментално паѓа и дека цената од 73.000 долари изгледа разумно за следната година.

Сепак, биткоинот е крајно непредвидлив. Зголемувањето над 146.000 долари изгледа сосема можно, имајќи предвид дека профитот на биткоинот беше повеќе од 340% во минатата година. Но, можност е и нов пад на помалку од 30.000 долари, што беше забележано летово, велат во банката.

Во секој случај, стратезите на глобалниот пазар на „JPMorgan“ изгледаат оптимисти за криптовалутите.

„Нема сомнеж дека криптовалутите и дигиталните средства се, пошироко, нова класа на средства и затоа се во повеќегодишен структурен нагорен тренд“, велат тие.

„JPMorgan“ верува дека инвеститорите во криптовалути треба да го задржат етереумот во нивните портфолија наместо биткоинот, бидејќи блокчејнот има повеќе намени.

Аналитичарите на „JPMorgan“, предводени од пазарниот стратег Николаос Панигирцоглу, сметаат дека зголемувањето на каматните стапки може да биде проблем за биткоинот, исто како што традиционално тоа го прават за златото.

Иако биткоинот се повеќе се наведува како конкурент на златото, треба да се земе предвид дека централните банки ширум светот ја намалуваат поддршката за економиите во обид да ја намалат инфлацијата. Тоа значи дека каматните стапки и приносите на обврзниците ќе почнат да растат.

Имајќи го тоа на ум, од „JPMorgan“ велат дека на инвеститорите можеби е подобро да инвестираат во етерумот, втората по големина криптовалута во светот, која работи на блокчејнот „Ethereum“. Со други зборови, има многу повеќе намени од биткоинот и приносот може да биде поголем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП