3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот доби статус на вештачки пари

Биткоинот доби статус на вештачки пари

bitcoin1

Германското министерство за финансии соопшти дека на популарната виртуелна валута биткоин (Bitcoin) и доделило статус на вештачка пара.

Според правната дефиниција биткоинот во Германија се наоѓа во категоријата на регионални валути и пари во забавните паркови, така што, добил статус на нешто помеѓу потполно безвредна пара од игрите кои никој не ги признава и вистинска парична валута како што е еврото.

Овој извештај е само потврда на поранешните одлуки на германската федерална агенција „BaFin“, која го надгледува целокупниот финансиски промет во таа држава, и која е во составот на Министерството за финансии.

Ознаката за вештачка пара на биткоинот значи дека е подложна на оданочување на комерцијални трансакции, а приватните трансакции помеѓу поединците не се подложни на оданочување.

За извршување на размена на биткоинот потребно е да се побара дозвола од „BaFin“, а еднаш кога ќе биде одобрена лиценцата, услугата според законите може да се изврши на целокупната територија на ЕУ.

Во САД, покрај федералната дозвола, потребни се и додатни поединечни дозволи од секоја сојузна држава за извршување на размена на валутата биткоин.

Во Германија, лиценца за таа услуга побара и германската банка „Fidor Bank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП