20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската економија порасна само 1,4 проценти

Руската економија порасна само 1,4 проценти

moskva1

БДП на Русија во првата половина од оваа година е зголемен за само 1,4 проценти, што е изразено забавување на растот, покажаа податоците на руската агенција за статистика Рос стат.

Тоа претставува изразено забавување на растот бидејќи во првите шест месеци од минатата година растот достигна 4,5 проценти, пренесува агенцијата Риа новости.

Рос стат уште на почетокот на август соопшти дека во второто тромесечје растот на руската економија бил 1,2 проценти, што претставува забавување на годишното темпо на раст веќе шести последователен квартал.

Руската централна банка минатата недела ја објави прогнозата дека економскиот раст оваа година ќе биде само околу два проценти.

Прогнозата на банките беше малку по песимистичка од проценката на руското министерство за економски развој кое очекува раст на БДП од 2,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП