28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПукање на границата помеѓу Белорусија и Полска – свикан итен состанок(ВИДЕО)

Пукање на границата помеѓу Белорусија и Полска – свикан итен состанок(ВИДЕО)

Пукање се слушнало од полската страна на границата со Белорусија, на локацијата каде има околу 1.000 бегалци, изјави портпаролот на белоруската гранична служба.

„Прес-службата на граничната служба ја информира јавноста дека се слушнале истрели од полската страна на границата“, изјави портпаролот за ТАС С.

Во моментов во близина на белоруската граница со Полска има околу 3.000 до 4.000 мигранти, а илјадници од нив се подготвени да ги следат, изјави денеска портпаролот на полската влада Пјотр Милер.

„Во Белорусија има повеќе од 10.000 луѓе кои се подготвени да ја преминат полската граница“, рече Милер.

Полска ги засили безбедносните мерки на границата со Белорусија, на источната граница на Европската Унија, по извештаите дека наводно голема група мигранти во Белорусија се собрала на преминот меѓу Белорусија и Полска, соопштија претходно денеска официјални лица.

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак на Твитер изјави дека повеќе од 12.000 војници се распоредени на границата, 2.000 повеќе од 10.000 војници кои неодамна биле таму, пренесе АП.

Тој додаде дека во подготвеност е ставена доброволна единица за територијална одбрана.

Полската влада закажа итен состанок, а премиерот Матеуш Моравјецки на Фејсбук напиша: „Границата на полската држава не е само линија на картата. Оваа граница е нешто свето за кое е пролеана крвта на генерација Полјаци.

Европската Унија најави дека се надева дека Полска, инаку членка на ЕУ, конечно ќе ја прифати помошта од Фронтекс, гранична агенција, која досега ја одбиваше.

Kолона илегални мигранти денеска ја напушти територијата на Белорусија и влезе во Полска. Варшава за тоа ги обвини белоруските власти, наведувајќи дека тоа е уште една акција на белорускиот непријател насочена кон Полска.

Белорусија, од друга страна, вели дека ги презела неопходните мерки за да обезбеди непречено функционирање на меѓународниот сообраќај, како и безбедноста на луѓето што се движат по автопатот.

Поради големиот прилив на мигранти, Литванија испрати војска на границата со Полска и Белорусија, а властите ќе размислат за воведување вонредна ситуација на границата.

Според белоруската гранична служба, повеќе од 2.000 бегалци се наоѓаат пред полската ограда. Тие во неколку наврати се обидоа да ја известат полската страна дека ја напуштиле земјата бидејќи нивните животи се во опасност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП