ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешкиот економски раст погоден од слабата домашна потрошувачка

Норвешкиот економски раст погоден од слабата домашна потрошувачка

norveshka1

Економскиот раст на Норвешка падна за 0,2 проценти во вториот квартал, бидејќи една од најсилните економии во Европа била погодена од малата домашна потрошувачка, покажаа денес официјалните податоци од Осло.

Норвешкиот Завод за статистика исто така ревидираше понизок економски раст од првите три месеци оваа година, така што тој е намален на 0,6 од 0,7 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Аналитичарите кои учествуваа во анкетата на агенцијата „Dow Jones Newswires“ очекуваа дека норвешкиот БДП ќе биде зголемен за 0,6 проценти во вториот квартал.

Домашната потрошувачка пораснала за 0,2 проценти, што е нејзино најбавно темпо во последните две години.

Норвешката економија поддржува високо ниво на инвестиции во нафтениот сектор, но другите економски области при крајот на минатата година почнале да ги чувствуваат последиците на европската криза.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП