19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаправи берза за криптовалути и сега е најбогатиот 29-годишник

Направи берза за криптовалути и сега е најбогатиот 29-годишник

Најбогатиот 29-годишник во светот, Сем Бенкмен-Фрид, стана уште побогат, благодарение на тоа што неговата компанија за тргување со криптовалути FTX заработи уште 421 милион долари.

Така, проценката на неговата вредност е зголемена на 25 милијарди долари, а во исто време милијарди долари отишле кај 29-годишниот соосновач.

Форбс проценува дека Банкмен Фрид сега е „тежок“ 26,5 милијарди долари, што е зголемување во однос на 22,5 милијарди колку што беше пред само еден месец.

Побогат во овие години беше само Марк Цукерберг, кој на 29 години достигна 28,5 милијарди долари.

Инаку, Фрид го започна FTX пред само две и пол години, а неговата компанија веќе прерасна во една од водечките светски крипто берзи.

Инаку, син на професор по право, најпрво сакал да стане професор по физика, но на крајот решил да бара попрофитабилна кариера, верувајќи дека тоа ќе му овозможи да донира повеќе пари во добротворни цели.

Неговото цврсто верување во „ефикасен алтруизам“ и да се работи за највисоко добро, го навело да донира дел од својата шестцифрена плата во добротворни цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП