24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМоќна порака до светските лидери: Шефот на дипломатијата на малиот остров им...

Моќна порака до светските лидери: Шефот на дипломатијата на малиот остров им се обрати на ОН додека стоеше до колена во морската вода

Министерот за надворешни работи на Тувалу, во видео-порака за климатската конференција на Обединетите нации во Глазгов COP26, зборуваше стоејќи до колена во морската вода за да покаже дека неговата островска земја во Тихиот Океан е во првите редови на загрозени од климатските промени.

Сликите на Сајмон Кофе како стои во костум и вратоврска на подиумот поставен во морето, со заглавени нозе, беа широко споделени на социјалните мрежи, привлекувајќи внимание на борбата на Тувалу против зголемувањето на нивото на морето, пренесува агенцијата АП.

Во својата видео-порака за конференцијата, тој ги посочи вистинските животни ситуации со кои се соочува Тувалу поради влијанието на климатските промени и зголемувањето на нивото на морето „и ја истакна храбрата акција која Тувалу ја презема за решавање на многу итните прашања за човечката мобилност во климатски промени“.

Ова видео треба да се прикаже утре на самитот за климата и доаѓа во време кога регионалните лидери повикуваат на поагресивна акција за ограничување на влијанието на климатските промени.

Многу големи загадувачи ветија дека ќе го интензивираат своето намалување на емисија на јаглерод во наредните децении, а некои имаат за цел до нула нето емисии на јаглерод до 2050 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП