29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Aston Martin Valkyrie“ - пристигнуваат првите примероци

„Aston Martin Valkyrie“ – пристигнуваат првите примероци

„Aston Martin“ објави дека ги произведе првите копии од сериската верзија на хиперавтомобилот „Valkyrie“ (има 6,5-литарски V12 хибриден погон со вкупно 850 kW / 1155 КС), со најава дека првите клиенти ќе го добијат својот автомобил наскоро.

Ова се првите од планираните 150, а производството се одвива во Гејдон, Велика Британија.

Планирани се и 85 единици од „Valkyrie Spider“ и 40 единици од тркачкиот „Valkyrie AMR Pro“.

„Aston Martin Valkyrie Spider“ (со отстранлива покривна плоча) имаше премиера во август оваа година на настанот „Pebble Beach Concours d’Elegance во Калифорнија“, по повод 70-годишнината од продажбата во Америка.

„Valkyrie Spider“ има и 1.155 ks, а без покрив достигнува максимални 330 km/h (со монтиран покрив 350 km/h).

Како што споменавме, „Aston Martin“ планира да произведе само 85 примероци од моделот „Valkyrie Spider“, чии први испораки се најавени за втората половина на 2022-ра година.

Што се однесува до тркачката „AMR Pro“ верзија на „Valkyrie“, таа, според тврдењата на фабриката, ја минува патеката Ле Ман за 3 минути и 20 секунди.

Шефот на Астон, Тобијас Моерс, вели: „Valkyrie AMR Pro е проект што не може да се споредува, тоа е вистинска тркачка верзија без правила. „Valkyrie AMR Pro“ е доказ за посветеноста на „Aston Martin“ за чисти перформанси и ќе биде видлив во нашето идно портфолио на производи“.

„Aston Martin“ го прошири меѓуоскиното растојание за 380 mm, шасијата за 96 mm напред и 115 mm назад. Има и нов драматичен аеродинамичен пакет кој додава 260 mm на вкупната должина на автомобилот и за кој „Aston“ тврди дека нуди повеќе од двапати поголем потисок од патен автомобил („Aston“ вели дека му овозможил странично да забрзува повеќе од 3G).

„Valkyrie AMR Pro“ го задржува 6,5-литарскиот „Cosworth V12“ мотор од патниот автомобил, иако хибридниот систем е отстранет за да заштеди килограми. Моторот е поставен да врти до 11.000 вртежи во минута, а автомобилот исто така помина низ голема програма за намалување на тежината. Покрај отстранувањето на хибридот, мерките вклучуваат „исклучително лесно“ каросерија од јаглеродни влакна, перспекс ветробранско стакло и странични стакла.

Инаку, „Aston Martin“ објави дека испорача 1.349 автомобили во третиот квартал од оваа година, што е зголемување за 104 проценти во однос на истиот период во 2020-та. Тоа пред се сѐ должи на големиот интерес на купувачот за луксузниот кросовер „DBX“.

Компанијата очекува да ја заврши 2021-ва година со продажба од околу 6.000 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП