ЕКОНОМИЈА

Силен раст на пазарот на криптовалути

Пазарот на криптовалути забележа силен раст на вредноста во последните 24 часа. Пазарната капитализација се искачи за 4,3 отсто и моментално изнесува 3,01 трилиони долари.

Биткоинот, најпознатата криптовалута во светот, во последните 24 часа ја зголеми својата вредност за 6,6 отсто и моментално се тргува по цена од 65.990 долари.

Етереумот во истиот период ја зголеми вредноста за 4% и моментално се тргува по цена од 4.741 долари.

Најголемата американска банка, JPMorgan, предвидува дека биткоинот може да скокне на 146.000 долари на долг рок, доколку нестабилноста се намали и институциите почнат да го претпочитаат биткоинот повеќе од златото во нивните портфолија. Тоа е приближно 130 отсто повеќе од моменталната цена на биткоинот, пишува Business Insider.

JP Morgan исто така верува дека биткоинот, кој исто така е редок производ, се повеќе од златото добива на внимание од инвеститорите како заштита од инфлација, односно како нешто што ќе расте дури и кога инфлацијата ќе ја уништи вредноста на другите средства.

-Се чини дека повторно се појави загриженост за инфлацијата кај инвеститорите во текот на септември и октомври 2021 година, иг о обнови интересот за користење на биткоинот како заштита од инфлација, рече стратегот на JPMorgan, Николаос Панигирцоглу.