Американскиот Федерален апелациски суд денеска го суспендираше указот на претседателот Џозеф Бајден за задолжителна вакцинација на работниците во компаниите со повеќе од 100 вработени, наведувајќи дека е потребно повеќе време за испитување на потенцијалните „сериозни уставни проблеми“.
Според правилата, кои стапуваат на сила на 4 јануари, компаниите со повеќе од 100 работници мора да бараат од вработените секоја недела да се вакцинираат или во спротивно секоја недела да се тестираат за Ковид-19 и да носат маски на работа. За непочитување на ова правило се изрекуваат високи казни.

