29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДимовски и Коњановски на средба со претставници на винскиот сектор

Димовски и Коњановски на средба со претставници на винскиот сектор

vinarija

Во рамки на подготвителните активности за претстојната откупна сезона на винското грозје, денеска министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и Зоран Коњановски одржаа работна средба со претставниците на винскиот сектор од Република Македонија.

На средбата, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле опфатени повеќе теми поврзани со досегашниот откуп на вискоквалитетните сорти на винско грозје, претстојниот откуп на винското грозје и организираноста на сите инволвирани страни во процесот на откупот, при што претставниците на винскиот сектор биле информирани за очекувањата и барањата на лозаропроизводителите, кои биле презентирани на последната средба со нив со посебен акцент на барањето на лозаропроизводителите за повисоки откупни цени на винското грозје во однос на ланската сезона, посебно за сортите смедеревка и вранец.

– Во однос на оваа тема, беше отворена сеопфатна дискусија, во која се вклучија претставниците на винскиот сектор, информирајќи за нивните потреби за откуп, за моменталаната состојба на винскиот сектор и за барањата од лозаропроизводителите. Од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беше апелирано до претставниците од винскиот сектор, за интензивирање на соработката со претставниците на лозаропроизводителите и за изразување на подготвеност за постигнување на договор во контекст на откупната цена на винското гројзе. Во дискусијата од претставниците на винскиот сектор беше потенцирано дека е прифатливо барањето на лозаропроизводителите за дефинирање на откупната цена согласно шеќерните единици на секоја сорта винско грозје, врз основа на различната  технолошката зрелост на секоја сорта, се вели во соопштението.

Во контекст на откупната цена, од претставниците на винскиот сектор била изразена подготвеност откупната цена за смедеревката со 17 шеќерни единици да изнесува 11 денари, а за вранецот со 19 шеќерни единици да изнесува 13 денари, со можност за прогресија на цената согласно шеќерните единици.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја поздравило подготвеноста на винскиот сектор за прифаќање на барањата на лозаропроизводителите и изразило очекување дека овие откупни цени ќе бидат почитувани од откупувачите на винско грозје.

– Во насока на подобро организирана откупна сезона, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство побара во наредните денови да се интензивира соработката со лозаропроизводителите, во насока на организирана берба и организиран откуп, со постигнување на технолошката зрелост на секоја сорта на винско грозје. Истовремено, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави дека заеднички тимови од Државниот инспекторат за земјоделство, Бирото за метрологија и Државниот пазарен инспекторат, од оваа недела до крајот на откупната сезона ќе бидат присутни на откупните пунктови за винско грозје, се вели во соопштението од МЗШВ.

На средбата било потенцирано дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку постојани средби, ќе продолжи да биде активен чинител во процесот на градење на дијалогот помеѓу лозаропроизводителите и претставниците на винскиот сектор, како потреба која, како што се посочува во соопштението, е во интерес и на двете страни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП