13 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеколку интересни факти за милијардерите ширум светот

Неколку интересни факти за милијардерите ширум светот

Дали знаевте дека 1 милион секунди е околу 11,5 дена, додека 1 милијарда секунди е еднаква на повеќе од 31 година?

Откако го разјаснивме овој факт, ќе ве запознаеме со неколку интересни факти за милијардерите ширум светот.

1. Бројот на милијардери во моментов во светот е 2.755 лица.

2. Тоа значи дека во претходната пандемија се зголемиле за 660 лица.

3. Во првиот месец од пандемијата, американските милијардери заработија 300 милијарди долари.

4. По глобалната финансиска криза од 2007-2009 година, милијардерите во САД акумулираа богатство пет пати побрзо од просечното домаќинство во земјата.

5. Економистот Џефри Сакс пресметал дека милијардерите ширум светот можат да стават крај на сиромаштијата доколку потрошат 175 милијарди долари во секоја од следните 20 години, пишува „BuzzFeed“.

6. Дали знаевте дека дури и ако заработувате 100 милиони долари годишно, ќе ви бидат потребни 3.065 години за да бидете богати исто колку и Елон Маск?

7. Основачот на „Amazon“ Џеф Безос моментално заработува околу 3.715 долари во секунда, што е три и пол пати повеќе од просечната неделна плата на повеќето Американци (984 долари неделно).

8. Ако Безос потроши 88.000 долари, тоа е еднакво на 1 долар за Американците.

9. Во последните две децении, американските милијардери го зголемија своето вкупно богатство 17 пати на 4,18 трилиони долари.

10. Дури и милијардерите имаат голема нееднаквост. Вкупно 94% од нив имаат помалку од 10 милијарди долари. Помеѓу 10 и 30 милијарди долари имаат 5% од најбогатите луѓе во светот, а само 1% од нив имаат повеќе од таа сума.

11. Во кинескиот парламент има околу 100 милијардери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП