28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Околу 400 неискористени хали на располагање за потенцијалните инвеститори

Груевски: Околу 400 неискористени хали на располагање за потенцијалните инвеститори

Macedonian Prime Minister and leader of the biggest ruling party VMRO Nikola Gruevski speaks during an interview with Reuters in Skopje

Од средината на идниот месец ќе биде отворена веб-страница со детални информации за најмалку 400 моментно неискористени хали и објекти во Македонија кои наскоро ќе бидат ставени во функција и ќе им бидат на располагање на потенцијалните инвеститори.

Како што соопшти денеска премиерот Никола Груевски, станува збор за проект што Владата го подготвува неколку месеци, а целта е да им овозможи на вложувачите комплетни податоци за расположливите капацитети веднаш, на едно место, без да талкаат по шалтери и најразлични служби.

– Најголем број од инвеститорите градат нови капацитети зашто не знаат дека располагаме со објекти кои во моментов од различни причини не се во функција, а може да се искористат со мали интервенции, особено во однос на правната состојба која кај дел од нив е сложена, рече Груевски.

Интернет-страницата ќе биде во рамки на Агенцијата за привлекување инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП