29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШто ќе се случи со „Golf 9“?

Што ќе се случи со „Golf 9“?

Електрификација, криза, Еуро 7 норми. Има многу прашања кои и „висат над глава“ на следната генерација на најпопуларниот хечбек во Европа.

Не е тајна дека осмата генерација на „Golf“ нема ни приближно добра продажба како неговиот претходник. Има многу причини, од проблеми со софтверот на почетокот на неговата премиера, преку кризата околу полупроводниците и коронавирусот, па сè до налетот на „SUV“ моделите.

Значи, сигурно е дека раководството на „Volkswagen“ не е задоволно од продажбата на „осумката“, но факт е дека овој модел се соочува со голем број предизвици. Новите гласини кои доаѓаат од Германија сугерираат дека Волфсбург долго размислувал за „Golf 9“.

И покрај сите проблеми, „Golf“ беше најпродаван автомобил во Европа во минатата година, со повеќе од 312.000 регистрации. Интересно е што речиси 134.000 завршиле во Германија, што доволно говори колку од продажниот столб на тој автомобил е домашниот пазар.

Годинава нема шанси „Golf“ да надмине повеќе од 300.000 регистрации на Стариот континент, што само ќе изврши уште поголем притисок врз овој хечбек. Во септември германскиот ас имаше помалку од 18.000 регистрации, па е далеку од ланските резултати. Според сегашните планови на „Volkswagen“, новата генерација на „Golf“ што ќе ја замени „осумката“ треба да се најде на пазарот во 2026-та година.

Но, тоа ќе биде ново повторување само во соопштенијата за печатот испорачани со маркетинг фрази. Гласините од Германија велат дека „Volkswagen“ во суштина веќе нема намера да инвестира многу пари во развојот на следниот „Golf“.

Всушност, ќе се примени рецептот од блиското минато кога шестата генерација на „Golf“ ја наследи петтата. Всушност, тоа би можело да се нарече длабоко рестајлирање на еден модел, наместо целосно нов автомобил. Така се очекува истото да се случи и со „осумката“ и „деветката“.

Значи, мала промена во изгледот, иста платформа и различен опсег на мотори. Најверојатно, следниот „Golf“ ќе се потпира само на „plug-in“ хибридни погонски единици. Да потсетиме, новото издание на ваквите „plug-in“ хибриди на „Volkswagen“ пристигнува во 2023-та година и ќе има автономија од 100 километри во EV режим на возење.

Ако се следи животниот циклус од седум години, тогаш „Golf 9“ ќе исчезне од пазарот во 2033-та година. Бидејќи Европската комисија предложи забрана за продажба на автомобили со „SUS“ мотори во 2035-та година, а доколку земјите членки на ЕУ навистина се согласат со тоа, тогаш сосема е извесно дека десеттата генерација на „Golf“ сигурно нема да ја видиме. Некои ќе се радуваат, а некои ќе плачат, особено поради фактот што ќе го наследи електричен модел – очигледно втора итерација на возилото „ID“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП