30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманците 20 години ја договарале цената на пивото

Германците 20 години ја договарале цената на пивото

pivo

Германските пивари се соочуваат со обвиненија дека направиле картел и во последните 20 години ја договарале цената на пивото, пишува германскиот весник „Фокус“.

Во извештајот на Сојузната канцеларија за заштита на пазарот во кој „Фокус“ имал увид, германските пивари ја договарале цената на омилениот пијалок на германците и поради тоа сега им се заканува казна од неколку стотици милиони евра.

Како што наведува весникот во јануари оваа година Фолкер Кухл, директорот на пиварата „Велтинс“ изјавил дека прво најголемите производители се договориле да ја подигнат цената на пивото, а потоа кон тој договор се приклучиле и помалите производители.

Сомнежите за постоењето на пивски картел во Германија е присутно веќе подолго време, но најновите инфромации откриваат колку оваа афера би можела да биде голема. Се сомнева дека германските пивски конгломерати за цените се договарале веќе скоро две децении.

Од „Фокус“ наведуваат дека досега се сомневало дека недозволениот картел на германските пивари постоел во периодот од 2006-та до 2008-та година, но Сојузната канцеларија за заштита на пазарот има повеќе од 100 страни документација во врска со истрагата и дека ова би можело да биде само врв на целата оваа афера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП