28 март, 2024
ПочетнаКОРОНАФајзер: Нашиот лек го намалува ризикот од тежок ковид за 89 проценти

Фајзер: Нашиот лек го намалува ризикот од тежок ковид за 89 проценти

Американскиот фармацевтски гигант Фајзер денеска објави дека нивниот експериментален лек против Ковид-19 е многу ефикасен во намалувањето на стапките на хоспитализација и смртност.

„Фајзер“ во петокот објави дека нивната експериментална пилула против „Ковид-19“ ја намалува стапката на хоспитализација и смртност за 89 отсто, пишува Дојче веле.

Фармацевтскиот гигант сега бара брзо одобрување.

Ова соопштение на Фајзер дојде само еден ден откако беше објавено дека Обединетото Кралство стана првата земја што одобри лек за коронавирус развиен од американската фармацевтска компанија Merck & Co.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП