2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОтрови кои секојдневно ги користиме, а предизвикуваат сериозни проблеми

Отрови кои секојдневно ги користиме, а предизвикуваат сериозни проблеми

Ако трудница престојува во просторија која е загадена од разни хемиски средства, тоа може да има ефекти на развојот на фетусот, особено на белите дробови и бубрезите на детето, а може да предизвика и абортус.

Научниците од престижни здравствени установи истражија и дојдоа до заклучок – освежувачите за простории и средствата за чистење се вистински убијци.

Според пишувањето на британскиот Телеграф, ваквата „титула“ производите ја добиле откако е откриено дека предизвикуваат или придонесуваат во дури 99 илјади смртни случаи годишно во Европа.

Научниците предупредија дека за лошиот квалитет на воздухот во домот придонесуваат неисправните уреди, спрееви, освежувачи, различните производи за чистење, но и средствата за лична хигиена, бидејќи се преполни со хемикалии кои лесно испаруваат и завршуваат во белите дробови.

Покрај сето ова, тука е и одредениот вид на мебел, ткаенините, материјалите за изолација и некои видови на лепаци кои содржат формалдехид, кој испарува и кој ги иритира дишните патишта.

„Ако трудницата престојува во просторија во која се наоѓа вака загаден воздух, тоа може да има негативни ефекти на развојот на фетусот, особено на белите дробови и бубрезите на детото, може да предизвика дури и абортус, срцев и мозочен удар кај возрасните лица, а поврзано е и со астма, дијабетес, деменција, дебелина, како и малигни заболувања“, се вели во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП