Светските цени на храната пораснаа трет месец по ред во октомври и достигнаа нов десетгодишен рекорд, повторно предводени од растот на цените на житото и растителното масло, објави денеска Агенцијата за храна на ОН.
Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), кој ги следи меѓународните цени на прехранбените производи со кои најмногу се тргува во светот, во просек изнесува 133,2 поени за минатиот месец во споредба со ревидираните 129,2 за септември.

