20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСе шират шпекулации дека Ердоган имал мозочен удар, некои тврдат дека починал(ВИДЕО)

Се шират шпекулации дека Ердоган имал мозочен удар, некои тврдат дека починал(ВИДЕО)

Во јавноста се појавија шпекулации дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е во лоша здравствена состојба.

На социјалните мрежи вчера се проширија шпекулации дека Ердоган доживеал мозочен удар и дека е примен во болница. Некои дури тврдеа дека тој починал.

Членот на Републиканската народна партија од левичарската ориентација, Ајкут Ердоган, кој е и пратеник во турскиот парламент, тврди дека на апликацијата „Вацап“ почнале да кружат пораки за здравјето на турскиот претседател и дека тој имал мозочен удар во вторникот вечерта и бил сместен во болница. Шпекулациите дополнително се разгореа со видео на кое се гледа дека Ердоган тешко оди.

Меѓутоа, портпаролот на Ердоган, Фахретин Алтун, среде тие шпекулации објави видео на „Твитер“ како турскиот претседател без помош излегува од лимузината, па ги демантира наводите од социјалните мрежи.

„Верувајте им на пријателите, плашете се од непријателот“, вели Алтун во описот на видеото.

Наводите дека Ердоган е во лоша здравствена состојба се демантирани со објавата од официјалниот твитер-профил на претседателот на Турција, јавуваат грчките медиуми. Објавена е фотографија од средбата на првиот човек на Турција со амбасадорите и генералниот секретар на Советот на Турција.

Турските власти поднесоа правна постапка против 30 лица бидејќи објавиле на „Твитер“ за наводната смрт на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Според „Асошиетед прес“, тие лица би можеле да бидат обвинети за наводно ширење дезинформации и манипулативна содржина, како и за навреда на Ердоган.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП