27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Германија и снемува пари за социјалните давачки

На Германија и снемува пари за социјалните давачки

germany1212

Во Германија снемува пари за социјалните давачки, предупредуваат економистите, а младите се се понезадоволни од животот.

Околу 145 милијарди евра, што е речиси половина од државниот буџет, оваа година се потрошени на подрачјата кои се поврзани со социјалната помош, семејството, младината и политиката на работата.

Но, ни овој износ во иднина нема да биде доволен, предупредуваат економските аналитичари.

Германската Организација за социјална грижа изработи студија во која постави барање за понуда за повеќе од 10.000 организации и институции од подрачјето на здравството и социјалната помош, според која постои потреба за додатни 35 милијарди евра годишно!

Без насочени и јасни инвестиции, социјална држава, какво што познаваме денес, во иднина нема да функционира, тврдат експертите.

За следниот изборен период ќе бидат потребни да се издвојат 142 милијарди евра, се наведува во студијата, која е претставена во Берлин.

Ни младите во Германија не се задоволни. Секој седми млад Германец не е задоволен од својот живот и од својата ситуација.

Германската младина се наоѓа на 22 место (од 29 земји) по факторот на задоволство од животот, што е значително влошување во однос на последното испитување во 2007 година кога младите Германци го заземаа 12 место.

Во исто време, разните анализи и испитувања покажуваат дека во Европа богатите се се побогати, а сиромашните се посиромашни. Посебно се критични платите во некои земји.

При пресметувањето на квалитетот на платите за основа се земаат просечните примања во одредена година- според последните пресметувања тоа е 2005 година – и на основа на нив се утврдува границата на сиромаштијата.

Потоа се гледа колку проценти од населението во кризните година после тоа се спуштило под таа граница.

По таа дефиниција многу се загрозени Италија, Шпанија и Грција. Значи, високо задолжените земји чиј курс на штедење тешко ги погодил граѓаните.

Црвениот крст на Европа на почетокот на годината делеше огромни количини на храна и други животни потреби. Експертите кажуваат дека последен пат толку помош се делела по Втората светска војна!

Економската криза води кон масовна сиромаштија. Посебно драматична е ситуацијата во Бугарија и во Шпанија.

Во Бугарија уште во 2011 година речиси половина од населението било во опасност да осиромаши и да биде „исклучено од општеството“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП