28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmplats укинува околу 7000 работни места

Amplats укинува околу 7000 работни места

amplats

Најголемиот производител на платина, американската компанија „Amplats“ од Јоханесбург планира да укине 6.900 работни места во рударската дејност во Јужноафриканската Република. Отказите ќе почнат да се делат од септември оваа година.

Во соопштението компанијата наведува дека точниот број на отпуштања ќе зависи од доброволните заминувања од компанијата, заминувањата во пензија и интерните прераспределби.

Планот за реструктуирање кој подразбира и намалување на бројот на вработени има за цел за враќање во зоната на профитот на подолг рок и подобрување на конкурентноста во светската индустрија на платина, прецизираа од компанијата.

Јужноафриканскиот рударски синдикат ќе се спротистави на овој план, заканувајќи се дека ќе организираат нови штрајкови, по минатогодишните остри протести кои траеа од половината на септември до половината на ноември 2012-та година.

Протестите следуваа по конфликтот во рудникот за платина Марикана во август 2012-та година кога полицијата уби 34 учесници во нередите.

„Amplats“ првично најави гасење на 14.000 работни места, па тој број е намален на околу 6.000 под притисок на политичарите и синдикалните организации.

Во минатата година групацијата забележа нето загуба од околу 112 милиони евра според профитот од 3.5 милијарди во 2011-та година.

Компанијата „Amplats“ е филијала на рударската корпорација „Anglo American Platinum“ која експлотира 40 проценти од наоѓалиштата на платина во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП