2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААдвокатски искуства: Како ја зголемив ефикасноста во работењето и го зголемив бројот...

Адвокатски искуства: Како ја зголемив ефикасноста во работењето и го зголемив бројот на клиенти

Петар е почитуван адвокат од Скопје, секогаш пријателски настроен, пријатен за разговор, професионалец кој се труди да гради долгорочни односи со своите клиенти, врз основа на принципот на взаемна доверба и почит. Токму овие негови карактерни особини и знаење во правото му носат голем број на клиенти, со кои остварува соработка на долг рок.

Секоја успешна компанија, секој човек кој се стреми кон успех треба да има свој адвокат. Кога една компанија пристапува кон склучување на голема зделка или пак кога човек решава животни прашања во адвокатот треба да препознае партнер.

Кога клиентот ќе не запознае со својат случај, нашата работа започнува најпрвин со истражување и  анализа за конкретната ситуација, а понатаму и изработка на целокупната документација. При изработката на документацијата, нашата канцеларија користи современи дигитални алатки и методи кои значат заштита на интересите на клиентот.

Како и секоја професија така и адвокатурата напредува, па нашата канцеларија ги користи модерните дигитални  алатки за справување со предметите. Со цел брз пристап до информации, нивно безбедно чување и поголема ефикасност во работењето ја користиме специјализираната програма „Е-Едвокат“. Таа обезбедува детални записи за сите случаи, рочишта, тужби, извештаи, како и нивните видови (на пример, рочишта во следните 7 дена, сослушувања без извештаи, случаи од клиенти, датуми, дејствија во постапката, итн).

Преку оваа платформа нашата адвокатската канцеларија добива можност за брзо и лесно пребарување на целата документација и следење на фазите на сите дејствија во постапката.

 Целта ни е клиентите да не доживеат како нивни партнери во работата, заради што се решивме за дигитализација на сите предмети, водејќи притоа сметка за заштита на личните податоци на секој клиент. Електронската архива која ја водиме благодарение на платформата е-адвокат ни помага брзо и и од било кое место да можеме да одговориме на нивните барања.

“Е-адвокат им овозможува на адвокатските фирми да ја чуваат целата своја документација (вклучително и електронски потпишан документ) во еден систем во согласност со сите законски прописи. Архивирањето, складирањето, пребарувањето и управувањето со сите случаи е значително забрзано, притоа постигнувајќи повисоко ниво на квалитет на работата на адвокатската канцеларија.”, смета г. Трајче Манолев од компанијата Маркант Софтвер која ја разви платформата, со поддршка на ФИТР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП