18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија: За прв пат мобилното го помина интернет банкарството

Словенија: За прв пат мобилното го помина интернет банкарството

Сè повеќе Словенци користат мобилно банкарство, што овозможува телефонско работење со банката насекаде и во секое време. Во секторот домаќинства, нивниот број веќе кон средината на оваа година го надмина бројот на корисници на интернет банкарство.

Се зголемува и вредноста на плаќањата во мобилното банкарство.

Во вториот квартал мобилно банкарство во Словенија користеле 1.041.918 физички лица и претприемачи, а онлајн 1.011.274, покажуваат податоците на Банката на Словенија, пренесува РТВ Словенија.

Во третиот квартал разликата дополнително се зголемила.

Вкупниот број на корисници на интернет банкарство и натаму е поголем од бројот на корисници на мобилно банкарство, главно поради зголеменото користење на интернет банкарството кај правните лица.

Рапидно расте и вредноста на плаќањата преку апликациите за мобилно банкарство на паметни телефони – во третиот квартал вкупната вредност на плаќањата во Словенија и во странство изнесувале нешто повеќе од два милиони евра. Тоа е сепак само 3,3 отсто од сите плаќања извршени во тоа време, пренесува SEEbiz.eu.

Во Словенија, првата интернет банка за физички лица под името SKB net беше понудена во септември 1997 година од страна на СКБ банка.

Најголемата словенечка банка, НЛБ, ја отвори својата онлајн банка за физички лица НЛБ Клик во 1999 година.

Денес, електронско банкарство за физички и правни лица нудат практично сите банки во Словенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП