26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКриптовалутата „Squid Game“ е измама: од 2.800 долари падна на нула

Криптовалутата „Squid Game“ е измама: од 2.800 долари падна на нула

По огромниот раст, криптовалутата базирана на популарната серија „Squid Game“ нагло падна, а сега нејзината вредност е нула долари. Ова се случи откако нејзините креатори ги уновчија и на тој начин украдоа речиси 2,1 милиони долари од инвеститорите.

Откако во текот на претходната недела во рок од три дена беше забележан огромен раст од речиси 2.300 отсто, а по околу една недела достигна вредност од над 2.800 долари, нејзината вредност вчера падна на нула долари.

Оваа измама во медиумите се нарекува „rug pull“. Тоа значи дека креаторите на криптовалутата ги промениле дигиталните монети во вистински пари и со тоа брзо ја девалвирале вредноста на криптовалутата.

Пред ова, пазарната капитализација на оваа криптовалута беше проценета на околу два милиони долари.

Според бројни медиуми, многу знаци укажувале на измама, вклучувајќи ја и неговата сега непостоечка веб-страница, која била полна со правописни грешки. Друга грешка што требаше да се забележи порано, како што велат, е дека правилата биле такви што инвеститорите можеле да ја купуваат, но не и да ја продаваат криптовалутата Squid.

Бројни експерти ги предупредија претходните инвеститори дека Squid е веројатно измама.

Да потсетиме, серијата „Squid Game“ е серија на годината на Нетфликс. Компанијата неодамна објави дека оваа серија е прегледана од 111 милиони акаунти, што ја прави „најголемата“ серија на оваа компанија досега.

Нетфликс се огради од криптовалутата Squid, нагласувајќи дека тие не се поврзани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП