3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШвајцарскиот Forbo го зголеми нето профитот

Швајцарскиот Forbo го зголеми нето профитот

forbo1

Швајцарската компанија „Forbo“ во првата половина од оваа година оствари нето профит од 46,9 милиони франци, што преставува раст од 10 проценти на годишно ниво.

Специјалистот за подвижни ленти и подни облоги на база на линолеум и винил, според еколошки стандарди, сепак, во истиот период претрпе пад на приходите од продажбата за 1,8 проценти, на 592,5 милиони франци, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Во исто време, оперативниот профит е намален за 2,4 проценти, на 56,9 милиони франци, се вели во соопштението на компанијата.

За оваа година, „Forbo“ потврди дека очекува малку поголем нето профит во однос на претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП